убав (прид.) - природа (имн.)

На крајот Влатко даде интересна информација: „Нашите другарчиња од Основното Училиште „Владо Тасевски“ се најдоа на страницата „Колибри“ во рубриката Учениците и екологијата, ќе ви прочитам еден дел од статијата: - Секоја сабота, ама буквално секоја, по околу триесетина ученици, пред сè осмооделенци, раководени од нивниот наставник по географија Ѓорѓиевски, одат организирано на Водно и уживаат во убавата природа. таму наоѓаат разни тревки, интересни растенија и шумски плодови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луѓето носталгично се навраќаат таму заради убавата природа а неколкумина имаат и викенд-куќички таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ене“ му покажува низ прозорецот кон градината, „дрвјата започнаа да пупат, да ги пуштаат првите цветчиња...“ и му зборува за убавата природа надвор, како сликар што грд предел зема за мотив, но со сликањето го разубавува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)