туѓ (прид.) - стан (имн.)

Имателите на туѓите станови молчеа како сомови под стреи и чекаа да дојде новото време, да дојде новата власт. И дојде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не беше решен вечно да остане во туѓиот стан, сметаше само до пролет да живее тука а пред да дојдат ластовиците пак да се врати во својот стан под ќерамидата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За непочитување на законот, и за бесправно вселување во туѓ стан, Околискиот птичји суд донесува решение, прекршителот, врабецот Џивџик да се протера од овој крај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ама тоа е нечесно! Како не ти е срам да присвојуваш туѓ стан! - се налути сега и ластовицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овој начин на работа со еден единствен објект Хичкок го донесе до совршенство во Прозорец во дворот (1954), мајсторски работен, возбудлив и духовит трилер за опасностите што ги носи ѕиркањето во туѓите станови; целата приказна е раскажана од страна на човек кој заради скршената нога е врзан за столица на тркала.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакам вашето лице да го има само она што сакаме да ѝ го соопштиме на публиката - она што го мислите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крајот од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа, кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истеруваш курварлаци по туѓи станови. Шириш болест во оваа фамилија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Зборувај за себе. МИРА: А ти молчи за себе. Добро ти е во туѓ стан, со туѓи пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крај од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Клучот од ковчежето за шминки, клучот од својата кола, или од туѓ стан, сеедно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некогаш монасите во Цариград ги лекувале болестите на своите собраќа, или на други луѓе, преку соништата, задавајќи му на манастирското братство задача – сите во една определена ноќ да сонуваат еден ист, однапред опишан сон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)