туѓ (прид.) - око (имн.)

Што подалеку од туѓите очи, толку подобро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повторно те предупредувам, чувај ги од погледите на туѓите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Под веѓите ѝ се криеја два кладенца, два камелеони што ја менуваа бојата. Најчесто беа зелени. Беа место за одмор на многу туѓи очи. Крупни и моќни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во меѓувреме, Рада веќе беше на удобниот двосед, сместена во широкиот наслон, глумеше смиреност за туѓите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ист глас, исто лице, само туѓи очи, неприродно големи и однатре запалени.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Го сети ти тој молк твој што те закла таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне и снебиден ти за туѓи очи веќе, заспи над ова голо тело Молчи Тивја патот долг.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во која група на сообракајни знаци спаѓа она „СТОП“, во зелена боја, а го читаш во туѓите очи додека се бараш во нив за да се огледаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така било, со туѓи очи видено, со мое слово пишано.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сака да праша ден ли е или ноќ, сака да види со туѓи очи што се случува околу него на стивнатото боиште, и молчи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сакав да се плаши. Не можев да поднесам бол во туѓи очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кое е моето место, видов што сум во туѓите очи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, во туѓите очи да се види јасно колку многу се жртвував.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако има исто толку место колку и тука, ќе можат да се разлабават, односно да одземат од просторот колку да можат да се заградат еден од друг за да не променуват пљачки пред туѓи очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со господ напред ќе можат и да се заградуваат за да бидат сами со себе, за да се запастрат од туѓите очи, за да можат, господи, слободно и да се соблечат и да се облечат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас ги посматрав, не од друго туку од што немав друго да гледам, за да ме заинтересира нивната здушност на наведнати рамена и приближени глави (така не се игра карти), како во заговор што не може да се слушне, но не може и да се скрие од туѓо око.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)