туѓ (прид.) - живот (имн.)

Воајеризмот, фетишизмот и еротизмот кај Ворхол Ворхоловиот воајеризам најпрвин го поврзуваме со неговата лична пасивност која се пренесува во неговото творештво како одвоеност или оддалеченост од објектот („Сѐ уште луѓето ми значат... но толку би било полесно да не ми значат...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот воајеризам го обележува нес­по­собноста за лично ангажирање („Забавно е со луѓето кои работат нешто...“), а појавната структура на неговите филмови е интерес кој не ја поминува површинската глазура („Не сакам да се мешам во туѓиот живот... не сакам да приоѓам премногу близу...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа што од љубопитство се мешаше во туѓ живот му се виде непристојно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Земанек стана и беше решен да дојдеме попосле, на претставата од пет; но јас станав и, како што редовно ми се случуваше во последно време (да зборувам нешто што воопшто не го мислам, небаре имам туѓ јазик, небаре живеам исечоци од туѓ живот), реков: „Да, господин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раце, умирате ли со враќањето на туѓиот живот?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Цело време се поистоветувам со нечиј туѓ живот, но сфаќам дека мојата приказна е само моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Требаше да помине некое време за да разберам дека за него туѓиот живот не е поголем од она што му е потребно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Живеете остатоци од нечиј туѓ живот. Пикнати во џеб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле, на него сè било необично - и бастунот со сребрена глава на лав, и зелената антерија со посрмени рабови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но никого не го засегал туѓиот живот, наморничавен и мувлосан или тромав и со глекав лој под бабуњосаните очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го сметале за волшебник и до земја му се веднеле; тој ги поучувал и муслиманите и православните со еднаква грижа: не посегај по туѓиот живот, на господа му е потежок твојот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас тоа сум го заборавил. Туѓиот живот не ме занима. - Не те занима?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На лицето на синот може да се види дека за него сѐ е бескрајно далеку, сѐ е како од некој минат живот, од некој туѓ живот – книгите кои ги напишал, разговорите кои ги водел, сеќавањата на деновите кои ги проживеал и ноќите кои не ги преспал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во соседната зграда запалија светло: здивот на еден туѓ живот проструи низ Бутиевото сопче за да ги растера мракот, празнината, пустелијата на неговото постоење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)