туѓ (прид.) - гнездо (имн.)

Кога ќе влезе штрк во туѓо гнездо за прељуба со туѓа штркелица, сите штркови му судат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пораснал Гавруш и станал крадец на јајца од туѓи гнезда.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Која е објаснивата логика што постојано се пристанувам на туѓи гнезда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не го згрозува воздухот модар пелин, не собира в грло солзи кукавица по својот род оставен в туѓо гнездо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби своја песна, а таа можеше да биде ваква: Гаврушевски, црна маско, клун да немаш не е раскош.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се плашеше од зборот да не ја распара како меч, но најмногу од оној „добрите мајки не ги фрлаат децата, само кукавиците ги подметнуваат во туѓи гнезда“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)