туристички (прид.) - град (имн.)

Ние сме туристички град, со нови хотелски комплекси и би требало сè да е на европско ниво.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Варшава е туристички град. Во хотелот „Гранд“, кој се смета за еден од најголемите, граден во стилот на советската современа ахитектура, врие од странци, па и од наши луѓе, иако се смета за еден од најелитните и најскапи во Варшава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес Крушево е привлечен туристички град, на 1 250 метри надморска височина, на падините на Бушева Планина, највисок град не само во Македонија, туку и на Балканот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)