трудов (прид.) - мигрант (имн.)

Оваа масовна транснационалната миграција, без оглед дали е „доброволна“ (на пример, за трудовите мигранти) или „ненамерна“ (пр. бегалци), создава нови предизвици за националните држави и ја намалува важноста на националните граници.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бегалците, мигрантите, работниците, криминалците, војниците, трговците и номадите се приморани или избираат да преминуваат широк спектар на геополитички и метафорички граници, проблематизирајќи го односот/ врската/кореспонденцијата меѓу територијата, нацијата, државата и идентитетот, хомологијата меѓу културата, идентитетот, територијата и нацијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)