триесетти (прид.) - година (имн.)

Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
XXXIII Татко изворно го владееше турскиот јазик и врз него ги надгради јазикот на своите цариградски студии по шеријатско и модерно право, како и исламската филозофија, кон крајот на дваесеттите и почетокот на триесеттите години од XX век, првин на османскотурски (со арапските, персиските и другите странски примеси) и на турскиот јазик од времето на реформите на Мустафа Кемал Ататурк кога започна отстранувањето на арапските и на персиските зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во триесеттите години патува на студиски престои во Франција, Англија и Италија, кадешто, во Рим, останува и да живее.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од 1946 година, па сè до крајот на шеесеттите години, и покрај рехабилитацијата, неговите дела не се печатат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во триесеттите години се обидува да се доближи до официјалната идеологија и го избегнува прогонството во Сибир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)