трет (прид.) - пат (имн.)

На третиот пат невестата попушта, го обува едниот и по тоа другиот чевел и си ги брише солзите, оти ѝ ги врзале нозете во букагии, нема да биде веќе „пашито добиче“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И по трет пат зел да брои жолтици; и пак откако изборил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола: Овие реко, ви ги давам за кô ќе ѕидате црква јали училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мавна еднаш, уште еднаш, на третиот пат косата му се закачи во нешто и тој почна да тегне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораскоси наоколу и го виде целиот скелет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи, ако нешто се појави еднаш, тоа е случајно, ако се случи двапати, тоа е поклопување, а трет пат - станува збор за намера.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајка му го донесе на Татко второто утринско кафе, а за Камилски чај ала турка, а тој ѝ се заблагодари по трет пат бакнувајќи ѝ рака.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Забремени по трет пат. Го носеше, работеше, мора да се работи, лебот од земјата мора да се вади...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога беше готов, стана. Удри со секирата еднаш, уште еднаш и третиот пат му пропадна внатре: стеблото да ти биде крублина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стоевме (трет пат тој ден) во полутемнина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само третиот пат кога излеговме од даскалницата, имавме што да видиме: нашата срна од зимоска беше во сворот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ме сретна или го сретнав Рибоокиот и по трет пат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рикна и по трет пат бикот, го откачи черчевето од џамот и фркна и забаботи кон оградата на кожарата, десетина метри над кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Третиот пат смртта се беше престорила змија лутица. Змија шарка, огњарка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога по трет пат му свика да ја извади капата, Рогле започна да ја одврзува, но нерешително.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наспроти мене, еден, веќе п трет пат, ја чита спортската страница.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Исто така и парничните трошоци, во висина од 50.286 МКД (825 ЕУР), паднаа на терет на тужениот поранешен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Збирното траење на овие два сукцесивни процеса за исто фактичко прашање, пред Основниот суд Скопје II, беше околу девет 40 години – со две негативни првостепени пресуди кои беа обжалени, па со повторно враќање од Апелациониот суд Скопје на ново судење, за да конечно третиот пат добијат позитивна пресуда во нивна корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Баба ти ги правеше еднаш варени, друг пат пржени, трет пат со малку ориз... раскажуваше мајка ми! ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му се насладувавме сите тројца на едно бонбонче ...мајка ти, вујче ти Пане и јас, ни кажуваше вујко ми Вангел кога пребиравме околу јадењето на богатите празнинчни софри кога ќе дојдеше вујко ми Пане од Загреб во костум на Бос.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му реков на С.Б. по втор или по трет пат дека го сфаќам и дека се согласувам со него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден пат е овој ти што дојде на Чебрен, друг оној на Светецот преку Лисиче за Витолишта, Полчишта, Сатока и Градешница; трет пат има од Скочивир, Будимирци, Старавина, а четвртиот од Тиквеш од Клино – Рожден – Витолишта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пребројав колку чинии месо и компири сум изел - тоа беа две и половина - затоа што ме доведе во заблуда навистина да не сум јадел малку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но ти се грозиш Мака ми беше, Бел глушец дупи жирафа, но немав каде, на монструм во вени му тече портокал- Бардовци тебе дилема беше, јафа, Тебе не ти гине да се убијам или да се во чаша плива чудо од дете, Докторката те мерка краде. со бакрена жица чорапи плете. и вика те “сине” Баба на која трет пат и растат заби?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но немаше сила повеќе, Исус ја спаси два пати третиот пат нѐ стигна злобното око на кнезот Тарасиј, престигна Качен на коњ високо со остра сабја во раце замавна силно бездушно, главата летна високо црвен дожд лицата им ги попрска на луѓето тоа што го видоа писнаа силно до небо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
За мене нема веќе заминување, нема трет пат, тој е овде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нему му преостануваше или да ги следи, додека сѐ уште беше време, или да избере некој трет пат...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој забрза, сакаше да премине кон десниот хангар, а јас уште еднаш викнав: Стој!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој почна да се накашлува да му помине време, а јас по трет пат: Стој, пукам!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бошко тропна уште еднаш, но дури на третиот пат некој ја подаде главата низ вратничето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Верувајќи дека Бог двапати ѝ помогнал на Мајка спасувајќи ја со чедата, за време на грчко италијанската војна во Поградец, а дека третиот пат спасот треба да се ба­ра преку границата, Татко подготвуваше семожни аргу­менти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На третиот пат, леле мајко, сум рипнала нагоре од столот, ко вејверица сум рипнала и сум го изгребала Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)