трет (прид.) - колено (имн.)

- Оној што ми се прикажува како некој роднина, братучед од трето колено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Трето колено еве како дава попови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога во таква една култура (во која илјадници луѓе проживеале цели страшни паразитски животи на „културни работници“, обезбедувајќи си го до своите втори и трети колена тоа страшно влијание и семоќ на нивото на ова бачило во кое се прпелкаме) некој ќе завриска: крадци!, доларите истекуваат!, време е за пар бројки: (а пред тоа, фала богу, мантрата: Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!): „Маргина“ досега од „Фондот отворено општество на Македонија“ (дефетистички, но сигурно со дебели причини преименуван во „Хуманитарна фондација Сорос, Македонија“) за објавените пет броја (во четири книги) добила 2 250 американски долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И, бидејќи тој веќе трето колено беше син единец, па од еден син на еден, најпосле со Илета Брчалото од Веговци не остана ниеден.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Покрај тоа, во законот подетално се специфицираа категориите на странци на кои може да им биде издадена лична работна дозвола со важност за период до една година, односно таа им се издава на: •  член на потесното семејството на државјани на Република Македонија кој поседува важечка дозвола за привремен престој, •  член на потесното семејството на странец кој поседува лична работна дозвола за неодреден временски период, •  странец кој по потекло е од Република Македонија или негов наследник до трето колено, кој нема македонско државјанство, •  странец кој престојува во Република Македонија врз основ на дозвола за привремен престој за семејно обединување, •  странец барател на правото на азил на кој барањето за признавање на правото на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година (дозволата за работа се издава на три месецa со можност за продолжување), •  странец со признат статус на бегалец, •  странец под хуманитарна заштита и •  странец под привремена заштита (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)