трет (прид.) - класа (имн.)

Трета класа, тунел, исполнет со татнеж, бела перјаница, со кратковечни искри.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Третата класа има премногу атрибути, поради кои не е потребен многу голем труд.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Трета класа... а и ми јавија од штабот дека доаѓате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Третата класа е триесет рубли: и евтино и пристојно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прошетав по гробовите. Различни класи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)