трет (прид.) - вечер (имн.)

Зачекувам на трета вечер наречниците убавини да ѝ наречат на нашата момичка... ама не било пишано... душичето ѝ го земале - уште некрстено...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Што рекле тие на третата вечер, тоа ќе биде. Што беше до мене, јас направив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)