трепетен (прид.) - рака (имн.)

- Ангелско билје да ве варди од сè нешто лошо... и да ви мириса - со трепетна рака ги прекрсти и ги целива. И си заминаа удолу...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А еден пак ранет во трепетна рака, отстапува бавно по местото рамно, од куршуми нема тој страв ниту мака, а гордо се држи и чекори стамно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Да знаеја само што мислеше тој, умниот, што носеше тој во душата, што си шепотеше кога беше сам и кога до усмев вистинито му се чинеше дека една бела, кротка и трепетна рака му го допира рамото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)