траен (прид.) - потреба (имн.)

По исклучок, работниот однос 284 заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот [од пет години], ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пен- зионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства – доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон (чл. 46, ЗРО). 3.  Според актуелниов важечки ЗРО: со потпишување на дого- ворот за вработување се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, сега договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Далеку од привилегирани, овие лица се дел од прекаријатот, еден од најзагрозените делови од работништвото;17 д) како исклучок работниот однос склучен со договор за определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на максималните пет години за кои може да се склучи, доколку работникот работи повеќе од две години на работното место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи, а работодавачот обезбедил финансиски средства и смета дека има трајна потреба од работникот (чл. 1 од ЗДЗРО/апр.11) .
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
2.  Од почетокот на транзицијата до денес – временскиот период за кој може да се склучи договорот за вработување на определено време перманентно и сукцесивно беше продолжуван: од една година, како што изнесуваше на почетокот (1993), тој се зголеми на три (од 2003), па на четири (од 2005) – за да, на крајот, по првата измена и дополнување на најновиот ЗРО, онаа од август 2008, стигне дури до пет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)