трагичен (прид.) - состојба (имн.)

Исто така, ги каниш другите да учествуваат во твоето откажување од секакво автоматско полагање право на општествена положба и ги поттикнуваш да ти се придружат во редот луѓе чие страдање секогаш подлежи, барем потенцијално, на девалвација – и чии трагични состојби, така, секогаш подлежат на подбив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Смешноста што се сврзува со недостоинствената женствена болка во општеството на машката повластеност особено ќе одекнеше во искуството на геј-мажите во текот на првите петнаесет години од кризата со сидата, од 1981 до 1996 година, пред воведувањето на антиретровирусната терапија, кога сидата неминовно беше смртоносна состојба и кога стрејт-општеството редовно ја отфрлаше стварноста на страдањето на геј-мажите, ускратувајќи им го сочувството што намуртено им го даваше на „невините жртви“ на епидемијата.192 Во тој контекст, смеата со која машката геј-култура ја дочека сопствената ужасна и трагична состојба изразуваше, како што правела многупати, истовремена идентификација со вредностите и гледиштата и на повластеното и на абјектното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)