трагичен (прид.) - жанр (имн.)

Токму сиот тој културен систем на родот, на моќта и на жанрот, политиката на емоцијата што тој ја создава и ја одржува, како и разликите во положбата, класата и статусот што се втемелени врз него се она што се обидов да го опишам во претходното поглавје. ‌Машката геј-култура, обележана со преземањето на женските мелодрами како Милдред Пирс, може да се сфати како инстинктивен одговор на тој систем и како стратегија за отпор кон вредностите што ги крепи.312 Тоа е значењето на мелодрамата како геј-стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто жените, очигледно, не се толку сериозни како мажите, а средните сталежи не се толку достоинствени како елитата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите, најпосле, се исклучени од високата сериозност на трагедијата.311 За нас нема место во нејзиниот егзистенцијален јад – иако мораме да се носиме со штетноста на културната надмоќ на жанрот, што значи дека неизбежно мораме да создаваме (дисидентски) однос кон неговата прагматика, вклучително и кон општествените и емоционалните конвенции, вредносните хиерархии и структурите на чувствување што трагичниот жанр ги мобилизира и ги зајакнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тоа било... животна улога. ‌На тој начин Најмила мамичке ретроспективно внесува во Милдред Пирс елемент на неавтентичност што веќе е имплицитна во драматичната поставка, во одигрувањето, во општествениот израз и во јавната изведба на секоја страсна емоција. 14 ОД ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛОДРАМА ‌Емоционалната неавтентичност може да биде погубна за трагедијата, но таа не ѝ штети на мелодрамата, а не ги упропастува самодоживувањето и културата на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа го покажува и начинот на кој Џоан Крафорд ја прикажува Милдред Пирс како изведба, во смисла на тоа дека открива колку и самата Крафорд, далеку од маченичка поради својата беспомошна, самопожртвувана посветеност на ќерка си, всушност, во Милдред Пирс дивно лажирала.310 Штом камерите ќе престанеле да снимаат, Крафорд – а не ќерка ѝ – била таа што, всушност, ги влечела конците. ‌За Џоан Крафорд, излегува, долгото мачно мајчинство не било абјектна несебичност, како што укажува Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не можела, и покрај сите свои многуусрдни напори, да го прикаже буржоаското живеење како сосема сериозно – освен, се разбира, од разводнетото гледиште на самата буржоазија. ‌Зашто грижите на средните сталежи, бидејќи се грижи на обичниот народ, не можат да ја достигнат достоинственоста што ја изискува целосната сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во самиот свој стремеж да ја издигне буржоазијата, мелодрамата ризикувала да го унижи самиот трагичен жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)