точен (прид.) - распоред (имн.)

Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.) Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој исто така изразува и аспекти на твојот родов и сексуален идентитет, зашто, во рамките на општеството во кое живееме, точниот распоред и дизајнот на облиците, дебелината и облините, боите и другите стилски обележја, колку и да се апстрактни и нерепрезентативни, учествуваат во конкретна културна семантика со мошне голем полнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие имаат особена општествена и културна историја, а оттука стануваат и носители на комплексен културен симболизам во кој се вмешани родот и сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)