топол (прид.) - јужен (прид.)

Северниот ветер што дуваше од утрото, ги беше скршил некаде своите крилја, па сега изгледа над планината струеше топол јужен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Широко отворени очи, топол јужен ветер, парче сино небо, доволно за среќа, едноставно, вистински, искрено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја нишаше топлиот јужен ветер. Но, веќе на второто скалило некој ја држеше за рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И покрај толку преживеани лични трагедии, драми, несреќи, разочарувања имаме право на радост во животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега беше пак тој топол јужен ветер, неспоредливо нараснат и го постилаше небото во сета негова шир со својот мек млечен допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во една ноќ долета од југ топлиот јужен ветер.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)