топол (прид.) - летен (прид.)

Ќе ги слушаат песните на сите птички, брмчењето на сите бубачки, блеењето на јагнињата и медениот овчарски кавал, во топлите летни денови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Девојчињата седеа дома, а пред портите на куќите излегуваа само постарите Еврејки и во топлите летни ноќи, додека ветрецот го носи мирисот на Дунав, џагорот на бродарите и јазици допловени од далечини, пееја романси донесени речиси пред пет века од Шпанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаеја и младите дека ашик нашата заедница не поднесува, дека срам од љубов во неа не бидува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)