топол (прид.) - ракија (имн.)

Ристе го донесе кафето, а Бојана по него топла ракија и почна да ги служи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пак се наготвија мазници, кокошки, алви кај Велика Спасевска; пак се изнапија сите топла ракија, служена од убава млада невеста; пак ги протепа бешивци и полчивци и ги пушти да си одат дома и да печалат, кога ќе дојде на есен да платат, ако не сакаат да ги продаде сосе деца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред да седне и да се поздрави со другите муштерии, тој му викна на момчето: - Момче, дај ваму ока топла ракија!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со топла ракија, ова, со друга ракија друга молитва треба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (која на секого му става пред себе филџан со топла ракија).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ајде да си одиме! Што се правиш на глув? Али умот ти е во топлава ракија?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Разбирам, не сум исушена црпка. Значи, господ е виновен кога ни прска тиквата од вино?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сеќавам кога Јаков Иконописец еднаш ја нурна главата во котле топла ракија. Бездруго се сеќавате што се случи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ноќта спроти коледе сега покрај кладите од огревно дрво се распламтуваат желбите на ороводците и играорците, со топла ракија и варено вино се подгреваат стари неверства и нови мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)