топовски (прид.) - граната (имн.)

Усвитено парче од топовска граната му го расече левиот бут од над коленото до колкот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Горе на оџакот на едната страна дрвен толчник, а на другата една бакарна топовска граната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И верувајте, ама навистина верувајте, јас не знам да возам џипови. Воланот ми се лизга од прсти...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И во ниеден миг не можеше да си замисли како тие, се уште деца, можат да гинат, да ги распарчуваат топовски гранати, да ги жнеат рафали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И многупати се прашуваше дали толку многу му е наклонет затоа што како дете го носи големиот товар на возрасните или затоа што Кире уште од првиот ден, коге се запознаа го бара и го сака?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Живнува кога од распуканите планински карпи се откинуваат орлите и кружат во висок лет.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да, велеа и викаа тие од високото партиско и воено раководство, а непријателот само во текот на еден ден и ноќ врз нас фрлаше повеќе од пет илјади топовски гранати, а да не ги броиме минофрлачките и авионските бомби...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше 30 август. Долж границата летаа авиони, се слушаа експлозии на бомби и топовски гранати. Знаев што се случи и никого не прашував.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)