тогашен (прид.) - претседател (имн.)

Смешно, зарем не. Сега сите тие луѓе кои на деветнаесет години ги служев кафе, виски, им менував пепници (меѓу кои беше и тогашниот претседател), ми го враќаа кафето зошто немало доволно пена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во 1985 година на покана на тогашниот претседател на СР Македонија, Лазар Колишевски, Христов по втор пат ја посетува својата родна земја, како гостин на Извршниот Совет на Македонија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
5 Но, тука симптоматично е тоа што тогашниот претседател на 149 велешкиот суд (Ш.Адеми) го усвои приговорот на тужениот дека миксетата, како дел од опремата, е суштински потребна за извршување на неговата работа т.е. „за понатамошно одржување на работниот минимум“, иако радиото воопшто не работеше, а немаше ни изгледи дека ќе се рестартира – па ја издвои од пописниот имот кој беше предмет за принудно извршување, иако токму оваа скапа миксета најмногу ќе му помогнеше на тужителот за неговата идна професија [всушност, тој отвори своја приватна маркетинг агенција].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Бне...“ „Посилно, молам!“  „Реков: тогашниот претседател на Бне Брит...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Тоа би било сè за денес!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со умниот Делатр, во кого претседателот Ширак имаше голема доверба, успевавме да договараме значајни настани од билатералните односи помеѓу двете земји (посебно посетите на тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, премиерот Бранко Црвенковски и други).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Прв ја прочита книгата Едгар Морен, па Робер Мале, некогашниот ректор на Сорбона (кому тогашниот претседател на Рерубликата Шарл де Гол, по познатите настани од 1968 му го доверува на управување најпознатиот француски универзитет, по една негова изјава дека на барањата на студентите не се одговара со сила) и на крајот Амин Малуф, мојот пријател и омилен автор кој веќе се беше здобил со Гонкуровата награда!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 13 декември 1989 година Арафат во првата официјална посета на Франција и средба со тогашниот претседател Франсоа Митеран, со залагање на тогашниот француски амбасадор во Тунис, Ерик Руло, близок пријател и голем познавач на палестинското прашање, ќе го потврди укинувањето на повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која се потврдуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но откако беа сменети генералите, тогашниот претседател на Аргентина Алфонсин го испрати стариот заслужен дипломат да дослужи на својата земја, крај урнатините на Картагина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настаните се одвиваа со филмска брзина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стигнавме во тајната Арафатова резиденција, кога сонцето беше во залез и во небото поигруваа последните црвени жилки како небески крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)