типичен (прид.) - македонски (прид.)

Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во Македонија пред АСНОМ во употреба беше српската и бугарската кирилица, за по заседанието и по оформувањето на македонскиот како литературен јазик да се воведе типично македонско кирилично писмо, кое е прилагодено за одразување на фонетските вредности на македонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кара­џиќ, кој вметнува дополнителни букви во системот на дотогашната српска азбука, имено, ‘Ћ’ и ‘Ђ’ за токму српските фонеми, со што се дооформи српската кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)