тесен (прид.) - врвица (имн.)

По тесната врвица низ карпите го минаа свиокот и го здогледаа Езерото - потемнето од густа чад, развлечена над него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Заитани ја искачуваа тесната врвица низ коријата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Не лути се што немам со што да те послужам.“ Беа изменети, се чувствуваа еден пред друг како туѓинци случајно сретнати на тесна врвица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дедо Петре полека го води магаренцето угоре по тесна врвица - угоре, угоре - сѐ повисоко - накај пештерата - бигорна. Муграта фати да забелува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Има низ нив тесна врвица.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)