темен (прид.) - просторија (имн.)

Во пансионот му ставаа маска на устата и со маска го водеа држејќи го цврсто за ремникот да не скокне и ако не се смиреше, го ставаа во посебна темна просторија каде што го казнуваа со храна и вода.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во темната просторија пробиваше по некое зраче светлина од пукнатините околу прозорците, меѓу нецелосно склопените завеси.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа и се смислуваат машини за метафори. Physiologia дава три такви проекти: машина со огледала, машина за “произведување на фантастични слики во темна просторија” и машината “stupore” која токму ги произведува метафорите, а наедно е и машина за метаморфози.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Целата соба беше една неизвесност, ѕидовите се оддалечуваа еден од друг, ослободуваа за невидливи сеништа и мали безоблични чудовишта темни простории без дно и без крај како некогаш одамна, во неговото детство, кога наесен умираа старците и зеленилото, умираа иако не беа заедно родени, и умираше се во неговата улица со шест џамии и еден бунар од кој ноќе излегуваа проѕирни жени со долги коси и зли, ничии јарци со бели очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се надевам дека можете да си претпоставите како ќе се чувствувате кога ќе ве упатат во темна просторија за која знаете дека е исполнета со таинствени појави и други стравотии?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одеднаш се слушна некакво шуштење. Почувствував горчлив мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше студено, но мене ми се чинеше дека нешто испарува во таа темна просторија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влеговме во темна просторија. Ја затворија вратата зад нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве го Даниел,“ рече Клара, покажувајќи на младиот човек кого не го познавав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)