темен (прид.) - пештера (имн.)

„Зар овде ќе живееш во оваа темна пештера без светлина?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прозорците на околните згради сѐ уште зјаеја како шупликави темни пештери.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- До она место кога детето влегува во темната пештера.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)