темен (прид.) - одаја (имн.)

Џарав со погледот, како што, веројатно, и тој џарал по лицата на посетителите, и така, во миг, погледите ни се сретнаа, а од неговиот поглед ми се одзеде здивот, зашто остро стрелна и страотно влезе преку моите очи, до темната одаја во моето сеќавање, кај што се беше сместил уште со мигот на првото сеќавање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вистините кои се толку едноставни, а кои постануваа лаги ќе ги заменам со високи внатрешни прозорци преку кои ќе влезе чист воздух и мирис на пролетно изгрејсонце. Како почеток на нешто убаво.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Болката ја складирав длабоко во темните одаи на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И еден таков, студен, зимен ден га изведоа и нашите бунтовници на суд.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)