темен (прид.) - коса (имн.)

Кусата темна коса беше необично густа и мека.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа девојката со темна коса. Од онаа вечер кога налета на неа пред старинарницата, беа поминале четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше девојката од Одделот за проза, девојката со темната коса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката со темна коса доаѓаше кон него преку полето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше девојката со темна коса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа имаше изглед на самоуверена девојка од околу 27 години, со густа темна коса, со дамкосано лице и со брзи атлетски движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Младото тело беше припиено до неговото, масата од темна коса му го допираше лицето и - да ! таа навистина го крена лицето и тој ја бакнуваше големата црвена уста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно се кафеави, но луѓето со темна коса понекогаш имаат и модри очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И девојката со темна коса, девојката од Одделот за проза - ни таа нема никогаш да биде испарена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше ситно суштество, помал по раст од Винстон, со темна коса и со големи, испакнати очи, истовремено тажни и потсмешливи, кои како да му го истражуваа лицето на соговорникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката со темната коса седна точно зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смеењето ѝ гргореше како бистро поточе и таа нестрпливо си ги зафрлаше перчињата темна коса што ѝ паѓаа над очите додека црташе на масата во кујната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му шепна „јe t’aime“ онаа вечер кога се подготвуваше да си замине, а на плажата немаше никој освен нив двајцата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Жената ја зафрли темната коса со левата рака и нејзиното движење се забрза.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега можеше да се сети само на едно, само на онаа весела девојка која постојано со левата рака си ја зафрлаше темната коса.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)