телефонски (прид.) - разговор (имн.)

Последниот контакт со мојата мајка беше телефонскиот разговор околу 9,30 часот, утрото на 14 април.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едвај чекав да ја видам како никогаш дотогаш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од телефонскиот разговор со госпоѓата што ми се јави од клиниката паметам само една реченица... на мајка ви и е лошо, дојдете веднаш... не знаеме дали ќе и издржи срцето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека тие згрешиле во проценката!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
-Многу ми е жал што морам јас да ти соопштам дека пред неколку минути вујко ти почина, ми рече тогашниот државен секретар за здравство во краткиот телефонски разговор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш Филип имаше тринаесет години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во телефонскиот разговор тој направи куса рецензија на мојот ракопис.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека за да се создаде семејство на почетокот требаат две личности.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не ми беше досадно бидејќи го имав заборавено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стилот што се провлекува во делата на американската современа литература на писателите како што се: Даглас Коупленд, Брет Истон Елис и Николсон Бејкер, веднаш е препознаен како Ворхолов: она што е карактеристично за него е мешавината на домашната атмосфера и наместените наивни изјави.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и светиот чин на сликањето е сведен на буквална дескрипција на целиот процес (“Ја земам мојата сина четка и нанесувам малку сина боја во едниот агол”), додека цела една глава (“The Tingle”,”Пецкање” или “Штипење”) е посветена на телефонскиот разговор во кој Б ѝ раскажува на А како го чисти апартманот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што наскоро ќе патуваме на Месечината и на другите планети и при телефонски разговор ќе се гледаме еден со друг, така човекот со својата свест ќе го прави тоа што го прави со својата коса: не тоа што таа го сака, туку она што тој го сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога стигна до таму да ми раскажува за она што одеше на телевизорот пред мене, ја прекинав.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека го слушате текстот имате впечаток дека случајно сте упаднале во нечиј телефонски разговор со што всушност почнува и Филозофијата...:” Се разбудив и ѝ телефонирав на Б”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не ја сфаќав тогаш смислата на тој телефонски разговор, но малку подоцна работата се разјасни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас, во тој миг решив да му го вратам она што беше негово, а што го бев ставила во џебот уште по телефонскиот разговор, кога Јан рече дека доаѓа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во меѓувреме на двапати, во долг телефонски разговор, се слушнаа Светлана и Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отец Симеон не го слушаше неговиот телефонски разговор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Израелскиот новинар Ури Дан, близок пријател на Ариел Шарон, во книгата Ариел Шарон - интимни разговори со Ури Дан, ги открива намерите на израелскиот премиер кон Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во книгата се открива еден телефонски разговор меѓу Џорџ Буш и Ариел Шарон од 14 јули 2004 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот бездруго беше од нешто резигниран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно од последниот телефонски разговор со Вашингтон или од некој друг притисок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Елена сакаше што побрзо да им каже за убавите вести што ѝ ги кажа лекарот во телефонскиот разговор. Кога слушнаа, сите се развеселија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А телефонскиот разговор заврши со мудроста што и сега, предмалку ја повтори: она, дека без нештата од минатото човекот се чувствува исфрлен од рамнотежа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Збрканоста, нервозата и онаа неконтролирана употреба на зборовите изгледа беше поарчена во нашиот телефонски разговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми ја научил адресата преку Ташкент и ми закажа телефонски разговор. — Ало! — Ало!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патрик го беше исполнил ветувањето од пред една година, преку телефонскиот разговор со Гзиме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)