телевизиски (прид.) - емисија (имн.)

Една од поинтересните новотарии е употребата на силни пцовки со споменување на мајката и други женски роднини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поттикнување на телевизиски емисии, филмови и т. н., што секој кој мрази е готов да измисли од омраза, дури и во позгусната, злослутна боја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веќе славен, благодарејќи на публицитетот што му го обезбеди Дејвид Селзник (David Selznick) во текот на четирите или петте години на соработка, колку што ги врзуваше договорот, а од кој се родија Ребека, Озлогласената, Маѓепсаниот, Хичкок стана познат во целиот свет дури тогаш кога произведе серија телевизиски емисии „Сомнежи”, а потоа и „Хичкок прикажува”, во средината на педесеттите години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете зошто некое општествено движење втемелено врз геј-идентитет дефиниран преку исклучиво упатување на геј-луѓето – со неговите центри и организации на ЛГБТК заедницата, со неговите лезбијски списанија и романи и филмови и популарна музика и телевизиски емисии и кабелски канали, со неговите маала, барови, клубови, одморалишта и цркви, со неговите политички претставници, водачи, гласноговорници и лобисти за човекови права и улични маршови и демонстрации, со неговите теориски и академски пресврти, историски откритија, универзитетски предмети, истражувачки полиња – ете зошто, велам, сета таа комерцијална, политичка и културна инфраструктура на геј-идентитетот е вечно разочарување и прави многумина припадници на неговото тело да бидат трајно незадоволни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога влегов во библиотеката, Мајка беше задлабо­че­на во гледањето една телевизиска емисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не покажав голем интерес да учествувам во телевизиската емисија на Алтин Раџими, макар што бев пријатно изненаден и охрабрен од неговото мислење за книгата Атеистички музеј, како припадник на младата генерација, кому како да му тежеше на ист начин блиското минато, кое не можеше да се ослободи само со соборувањето на големите, мамутски статуи на Сталин и Енвер Хоџа во Тирана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)