тежок (прид.) - состојба (имн.)

Од оваа тешка состојба ме тргна женски глас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Докторот зазеде мудар став. – Некои однесувања остануваат латентни многу години, а потоа, еден ден, избиваат на површина – рече.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сотир Паскали не рече ништо. Си помисли дека Камилски повеќе сакал да го истакне својот химеричен однос кон книгите, отколку да се соочи со реалноста за тешката состојба на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фрли поглед врз документите кои стоеја на неговата аскетска работна маса и заклучи: – Единственото нешто што е несомнено е нејзината тешка состојба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Милан чувствуваше лична одговорност за тешката состојба на птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)