тежок (прид.) - мака (имн.)

Татко, изморен од напорот при пишувањето, со тешки маки се врати до фотелјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се готви... - изговори со тешка мака Цепенко и, не можејќи да доврши, се струполи како поткосен пред вратата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Двајцата работници, што со тешка мака се искачија до првото скеле, беа започнале испрекинат, несврзан разговор: - Петнаесет години ги искачувам овие пустиње!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не беше свесна кон кого се упатени, но откако со тешки маки ги отвори очите, пред неа седната на креветот ја препозна Јана која со газа ја бришеше потта од нејзиното чело. ѝ ги избриша и солзите кои се слеваа низ восочно бледото лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седна со нив, и кога келнерите со тешка мака ги истераа на улица, го оставија зелениот во некој влажен двор и ја одвлекоа блондината во малото сопче на браќата влечејќи го со себе и мирисот на лутата мастика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Штотуку гуската, со тешка мака, ги стигна своите полнолетни деца, кога однекаде доплива еден чуден гувчешки сват.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја лизнувам после тешки маки (носот ми е поприличен) се дигам од почвата и продолжувам понатаму.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ако го прежали коњот, ќе ја омажи ќерка си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најголеми добитници од овој тренд да се претставува културната различност како невина и безопасна разновидност се оние маргинализирани групи што сè уште го носат тешкиот товар на некоја стигма и чие однесување во јавноста, затоа, и натаму предизвикува силна и широка одбивност: Афроамериканците кои си го зборуваат црнечкиот англиски во белечко друштво, геј-мажите што се бакнуваат на улица, буч-жените што заземаат лидерски улоги и наметнуваат авторитет над мажите или лицата со посебни потреби кои со тешки маки и упадливо се трудат да совладаат некој простор што не е скроен за нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изеде со тешка мака дваесет желкини јајца, половина коза, осумдесет банани и неколку килограми пресна зелка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)