тежок (прид.) - издив (имн.)

Во полумракот што повремено го расечува слабникавото жaрче на запалена цигара, болснуваат солзи и се слуша по некој тежок издив и засрклив липтеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Болежлив поглед фрли пред себе и по долго молчење, прекинувано со тешки издиви, рече покажувајќи со рака: - Таму, долж џадето, каде откако ќе заминеа камионите, секој ден чепкавме во бурјаниот и тревата и баравме писма, една жена најде писмо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)