тежок (прид.) - вреќа (имн.)

Тргна. Натоварен со тешка вреќа пченични зрна, која неизмерно му тежеше, првин тргна по патот, на кој можеше да сретне само луѓе и нелуѓе, низ чии што очи се наѕираа поткренати на прсти, доблестите или стрчеа искри на гнев, кои му предизвикуваа збунетост, до степен на треперење, наежување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие молкнаа, јас продолжив: - Разбојниците се маткаа нешто околу коњите, симнаа три тешки вреќи од седлата, ги одвлечкаа до куќата и влегоа внатре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие тешки вреќи со пченица се носеа кај малата воденичка во долот да се сомелат : зрно по зрно, па дури тогаш можеше да се добие лебното брашно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имаше апарати на блокови со тешки вреќички што се спуштаат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше воздушни пружини со бакарни цилиндрични пумпи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ти, силен кој креваше, и носеше тешки вреќи на грбот свој, за да го прехраниш семејството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)