театарски (прид.) - претстава (имн.)

Имало козари кои доаѓале на театарски претстави со понекоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зборот бил единствениот технолошки можен медиум. Денес... го читаме Меклуан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Њујорк, имав можност да гледам една театарска претстава, еден перформанс, кој што битно успеа да ги разбранува бурните духови на големото јаболко.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа се обидов да ѝ го објаснам на онаа девојка, Ким Новак: „Имате премногу изрази на лицето. Не сакам да видам ниту еден од тие изрази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа беше основната грешка во овој филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
(И Јаже беше сличен обид, но од други причини: Хичкок се обиде да го реши проблемот на пренесување на театарска претстава на екран) .
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но кога снимате театарска претстава во една соба, многу е тешко да се направат резови.” •Кон Јаже не пријдовте од комичен аспект, како кон Психо? •Хичкок: „Не, природата на злосторот во Јаже беше премногу страшна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На крајот, не можам да завршам а да не го спомнам она фантастично троминутно возење на камерата (без рез), кое следи по едно апсолутно генијално делче во филмот (целото трае околу пет минути, и се одвива во паузата меѓу вториот и третиот „чин“ на таа „театарска претстава“) и кое делумно потсетува и на „Готвачот, крадецот...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој од нив во музеите, ископините од античките градови, арените, тврдините, требаше да ни ја дополни големата идеолошка лекција што ни беше наменета заедно со соц-реалистичките театарски претстави што требаше да ги гледаме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. требаше да биде на театарската претстава со другите членови на делегацијата од Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вечерта ќе ја минеме во задолжително гледање на нова соц- реалистичка театарска претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не може режисер или драмски писател да каже дека мрази да гледа театарски претстави или да чита туѓи драмски дела.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гледаше се што можеше да го препознае како театарска претстава, но и читаше драмски текстови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
После соочување со вакви моменти, многу ми е страв кога ќе појдам на некоја театарска претстава и на крајот на истата ќе си признаам на себе или на оние околу мене дека не можев ништо да разберам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кај нас, театарџиите (секоја чест на исклучоците) во слободно време можат да бидат се: пекари, лекари, столари, аптекари, травари, таксисти - само не консументи на театарски претстави во кои не учествуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По многу години од Арагон, еден друг, исто така, творец на уметничкиот израз - филмски актер, во едно интервју ќе каже дека изиграл театарска претстава само поради тоа што во публиката забележал две очи кои му испраќале така топли, така искрени и полни со разбирање, погледи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа, кај нас, најуспешни театарски претстави се оние кои за време на премиерната изведба се поткрепени со присуството на претставници на политичката, односно претставници од врхушката на партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не е тоа како кога дремеш на некоја досадна театарска претстава за која знаеш дека трае саат и пол, или како кога во средно си очекувал да ѕвони.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Филмот беше снимена театарска претстава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Филмот Фармеровата жена беше, така да кажам, само снимка од театарска претстава, со низа натписи наместо дијалог.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност, и овој филм е снимена театарска претстава”. œœ Богати и чудни (Rich and Strange), 1932 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Уште една театарска претстава што продуцентите ја откупиле, а која не можеше да се пренесе на екран.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Не ја променив многу оваа Голсвортова театарска претстава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се најдов во една делегација на Албанската драма при Театарот на националностите во Скопје која требаше да избере неколку театарски претстави за да бидат претставени во главниот град на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш ќе направиме најубава театарска претстава која ќе капе во сочните сокови на нашите тела.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На моменти се чувствував како да глумам во некоја театарска претстава и сите овде поминуваат за да ме видат мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)