твој (прид.) - свет (имн.)

СОЊА: И ти си го изеде твојот дел. БОРИС: Можев уште да јадам. Не сакав. Имам лице. Не сум глодач. Ова не е твој свет. Ова е мој свет. Јас го створив. Со овие раце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ненадејно, сред оваа тишина, сред оваа долга едноличност, ти доаѓа некој и наеднаш во твојот свет на тишина и осаменост, внесува свој свет, поинаков, необичен, непознат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Читајќи ја Твојата семејна сага, човек просто мора да Ти заблазни за овој силен, моќен, исклучително редок, во секоја смисла бесценет жителски ориентир, што си го добил со своето воспитание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Семејство здружено во длабока, сосема тивка и сосема автентична љубов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа не е твојот свет. Дури ни галаксија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)