твој (прид.) - година (имн.)

Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во мигот не одговорив. А.А. по малку продолжи: - Те гледам и слушам во Атеистичкиот музеј, а ми кажуваат и на целото патување, наивно се однесуваш за твоите години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имам младо срце. И јас бев арамбаша на твои години! Уште сум ѓавол. Ќе се налокаме некоја вечер, да се запознаеме подобро. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Е бре, Андреја, не се занесувај. Сме биле на твои години.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Младите и оние на твои години се протегаат на туѓина, ама во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој беше на твои години, нѐ служеше со пијалак, ни ги празнеше пепелниците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)