твој (прид.) - глас (имн.)

Во еден миг сум на твоите гради, а веќе во друг, само го барам твојот глас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ти одамна не напушти, не си меѓу нас веќе, а сепак ме довикува твојот глас.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Твојот глас ме буди во силен вресок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
После тоа само тишина, нема љубов, нема нежности, нема радост, нема пријатни денови, топли зими, нема живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Просјак, твој глас, кој го слушат, Гусла хврли, замâлкни!
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
А оние кои те прашуваат зошто молчиш, нека го побараат твојот глас – тука е некаде во близина, заедно со Коеновиот, во некое ќоше.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Јас го наоѓам во твојот глас“, му рече таа. „Обиди се да го најдеш и ти“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас, како звукот на цитрата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Славејче, птицо над птиците, ќе ми ги дадеш ли, мило, од твојот глас жиците?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Славејче мило, слаткопојно твојот глас е бисер зора кога руди, Ела, песната твоја сакам наутро да ме буди!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)