твој (прид.) - возраст (имн.)

Дали ти имаш некоја своја љубов, дали некој ти се допаѓа повеќе од другите, и ти нему?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бреза, голема, мала моја, во нашиот крај девојките на твоја возраст веќе почнуваат да размислуваат за мажење и си одбираат момче што ќе им се допадне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си дошла од иднината? – ме прашува толку едноставно како да е тоа нешто најобично на светот да се вратиш триесет години наназад и да ја сретнеш сопствената мајка кога е на твоја возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш е чудна, оваа мајка ми, отсекогаш значи се „занесувала” и верувала во чуда!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Полека-полека увото свикнува, а се почнува од полесна за слушање музика, па се оди кон потешка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше облечено црвен фустан, носеше црвени чевли и црвени обетки на ушите, а косата ѝ беше црна, многу долга, и пуштена низ рамената како на една слика од времето кога мајка ми била на твоја возраст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не верувам дека има човек кој, кога бил на твоја возраст, барем еднаш во животот не учествувал во некаква тепачка, - ми рече тато.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Внимавај -секогаш да си со ум и со разум!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Штом ќе видам некое дете на твоја возраст, помислувам на тебе и душава ми се нажалува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Олеснително воздивнав и се загледав во очите на тато. Ме прочита како отворена книга.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)