татков (прид.) - потрага (имн.)

За оваа Таткова потрага и замисла, која логично можеше да се сети и за метафизичка илузија, Климент Камилски покажуваше големо разбирање уште од почетокот, за на крајот да стане и нејзин дискретен поборник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Успеваше да ја извлече тишината од самите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакав да допишам свои страници во татковата историја за јаничарството, јаничаризмот или балканската и светската јаничарија, за да ја доразберам смислата на некогашната таткова потрага, проектирана во новите времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татковата потрага се исцрпуваше во неговите книги за кои сметаше дека ја дополнуваат вистината на балканскиот човек, а Мајка сметаше дека најголемата книга си беше самиот живот, која беше најцелосна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тишината беше мудрата таткова потрага на одговорите од вревата на утрешниот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во еден период, размислувајќи за мајкините солзи во животот, чиј вкус речиси и никогаш не го почувствував, ниту можеше да се дознае нивниот состав, помислив дека можеби душата се покажува токму низ солзите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)