суров (прид.) - кон (предл.)

Оти речено е и за суровоста: оној кој е строг кон себеси, тој е благ кон другите, а оној кој, како Писмородецот е благ и попустлив кон себеси е суров кон ближниот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Киферовото дело отелотвори една свест верна кон најдоброто и сурова кон најлошото од германското минато со тоа удостојувајќи го за заедничка иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)