суров (прид.) - зима (имн.)

Надвор е зима, сурова зима. А под стаклата и алуминиумот на оранжериите е топло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие остануваа во испразнетите селски куќи да ја чекаат суровата зима и длабоките снегови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Па и да сакаа, немаа со што, бидејќи оружјето што го имаа се собра со време во тврдината и сега тие беа раат работа долу, по Воденско и Солунско Поле, за да можат да ја пречекаат суровата зима по нивните изгорени и ограбени куќурки.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)