суптилен (прид.) - начин (имн.)

Ова се прави со цел да се натераат, на еден преќутен и суптилен начин, „сами“ да се откажат од членството во Агро-синдикатот – кој се јавува како релевантен субјект во сите изминати преговори со работодава- чот, да се расцепка и компромитира неговата структура, а пред јавноста и институциите да се остави слика за божемно постоење на синдикално организирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, во Шеќерана е формиран нов синдикат под менторство на раководните структури (т.н. независен синдикат), а вработените се условени и принудени да членуваат во него – нај- често преку закани за прераспределба на полоши работни пози- ции и за отказ по основ на технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас ја пронајдов својата цел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога би можела на еден суптилен начин да одговорам на феноменот на постоењето, тогаш моето постоење без тебе и без нас заедно би било сурово и измачувачко.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сета наша култура на вистина и искреност го отфрла цифрењето, тој суптилен начин судбината да се намести според надворешните знаци, „неавтентични“ знаци.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Преку уметноста на многу суптилен начин, им се плеска на сите вистината во лице.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Б: На суптилен начин тоа го менува начинот на мислење на луѓето; ги зголемува можностите на она што можат да го помислат или почувствуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Точно е дека, како што Дерида критички забележа, логоцентричната традиција е поврзана на суптилен начин со нагонот за чистота - обидот да се избегне загадувањето од женскиот неред - симболизиран со она што тој го нарекува „есенцијален и есенцијално возвишен облик на вирилна хомосексуалност“. (10) okno.mk | Margina #1 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)