сув (прид.) - уста (имн.)

Се занишаа селаните потпрени врз веалките, се потсмевнаа со ќошињата на очите, ги затресоа бечвите и крпениците, ја подголтнаа празнината со сувите усти, зашто немаше што друго да проголтаат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се сушеше устата, малку малку, ќе сетам сува уста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)