субјективен (прид.) - рок (имн.)

Се воведоа нови рокови за застареност, кои предвидуваа дека работодавачот може, поради причини на вина од страна на работникот, да му даде отказ во рок од 6 месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок) (чл. 1 од ЗИЗРО/дек.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
До следна промена кај оваа материја дојде во август 2008, кога целата оваа одредба едноставно беше избришана!? (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08); •  прв пат се воведоа и одредби за застарување на правото да се даде отказ – имено, отказ поради лични причини на страна на работникот, работодавачот може да даде во рок од три месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)