студен (прид.) - зимски (прид.)

Од тогаш талкам по патиштата на мојава сирота душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојава душа не ја дочека смрта, зошто умре долго пред неа, во таа студена зимска ноќ заедно со мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но во сувите и студени зимски денови ме повлече непозната студена рака во сувата тишина на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тоа немо или темно мачилиште или можеби светилиште ја барам својата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јурак никогаш не беше толку многу нервозен како таа студена зимска вечер додека ја очекуваше Азра во мотелот “Бели ноќи”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Работната атмосфера стана особено тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја врза кучката со јаже преку вратот, зеде в рака една разгорена гламња и претпазливо излезе во студеното зимско утро.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една студена зимска ноќ кога парното греење беше исклучено, осаменоста го нападна Н повеќе од било кога.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Брзо поминаа студените зимски дни во градот. За тоа придонесоа и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)