студен (прид.) - пештера (имн.)

5 Рид од скаменето сирење, низ него со векови се провлекувале џиновски црвулци и го дупчеле според својот обем - во тие студени пештери луѓето оставале дел од себе: воздивка здравје, капка сила, 'ртенка младост; обележувале точен круг на камените ѕидови и копале со клунесто железо вон од линијата. Така почнувало вообликувањето на воденичките камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го забележав или тој ме забележа мене меѓу групата посетители кои, свртени кон водичот, му ги оживуваа зборовите и ги гледаа калуѓерите и нивните црномантијни братства во тајните отвори и одаи, во длабоките студени пештери и ќелии.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Будникот од дружината го прераскажал многу пошироко разговорот зашто гледал и слушал. Божем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)