студен (прид.) - око (имн.)

„Ако мислиш дека не сум спремна да ти сочувствувам“, му велам јас за да му се приближам барем малу „тогаш грешиш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Фимка забележа дека во неговото бледо, подуено лице болскаат мали, тркалезни, безбојни, натрапливи, превртливи, проникливи и студени очи, слични на очи на гладно прасе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Навистина помислував дека токму тоа прашање си го поставува додека ме гледаше онака бело и отсутно со неговите сиви студени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Докторот го погледна со студени очи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонцето со последен срак се збогуваше од неговото избричено теме, а тој, забуцан столб во тврда земја, гледаше во Мирона со стиснати и студени очи како да се присетува на нешто.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во тоа глупаво мавтање со раце стигнуваше да нѐ погледне со студени очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застрашена, со студени очи и тврд израз на лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)