студен (прид.) - ноќ (имн.)

Ние, децата, тајум верувавме во сите Мајкини чудесија чудесии кои ја поврзуваа како што разбравме подоцна со Бога во тешките и пресудни мигови на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ме вознемирува постојаното етикетирање на Македонците како тврдокорни националисти“, му рече на својот американски пријател само два месеца пред оваа студена ноќ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште нешто - кај ќе спијат беспризорните во долгите студени ноќи?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несреќникот некако си ја затнал раната на рамото со земја и здробени суви лисја тутун.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот се појавуваше од вагонот со својот глас, тврдеше дека му е убаво, дека добро се чувствува, велеше Скокам овде внатре и собирам сили за враќање, не е многу високо и многу широко, ама доста ми е, велеше, и потоа го пушташе својот глас во некоја песна за да се охрабрат и оние надвор, да можат да ги издржат студените ноќи и лошите соништа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Автомобилот се движеше низ длабоката долина во студената ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светеше силно и топло во темната и студена ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)