структурен (прид.) - трансформација (имн.)

Буржоаската јавна сфера е извор и модел на подоцнежниот фокус на Хабермас врз демократијата, комуникациската акција и рационалниот консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова замаглување на разликата помеѓу јавната и приватната област води кон структурна трансформација на јавната сфера од простор за рационална дискусија, дебата и консензус, во подрачје на масовна потрошувачка и администрација од страна на државата и на корпорациите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Структурната трансформација на јавната сфера“ претставува продолжување и ревизија на традицијата на Критичката теорија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Државата и општеството, претходно засебни, сега стануваат испреплетени.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)